Здраво,сакам да ве прашам за совет.Пред речиси 2 месеци почнав > да вежбам во теретана после 7 години никаква активност,значи тотално > неактивен во секој поглед.Па ме интересира да ми кажите во кои работи > грешам а во кои не, во исхраната и вежбањето.Од вториот месец си ја > сватив по озбилно работата и со совет од тренерот и пријатели кои се > подолго време активни во теретана направив листа на јадење и програма > за вежбање кон која веќе 1месец целосно сум посветен до детали како > што ќе ви опишам.Ќе започзнам со вежбите,прв ден тренирам гради и > бицепс,втор ден грб,трет ден рамо и трицепс и четврт ден нозеи петтиот > правам пауза.Исто преку еден ден правам и стомачни по 3-4 вежби по 3 > серии.За исхраната: прв оброк во 9:00 ч. - 5 лажици овесни снегулки со > 1 чаша јогурт, 5 белки варени и 1 банана или јаболко. Втор оброк 12:00 > ч. 1 Туна 185 гр, и салата или овошје. Трет оброк 15:00 ч. 200-230 гр > стек со 2-3 белки и овошје. Четврт оброк 17:00 ч. 5 лажици овес или > макарони. Тренинг правам од 18:30 или најкасно до 19:00 и следен оброк > после тренинг јадам 200-230 гр Телешко месо со овошје и пијам глутамин > 5 гр и декстроза 5 кафени лажици, Следно зависно од организмот како > сум гладен повторно јадам 4-5 белки и последен оброк земам казеин > протеин и спијам 7-8 часа.Висок сум 1.70 и имам 63 кг, целосно сум > слаб единственои околу стомакот тој дел имам мрсно.Па ќе ве замолам > да ми кажите што да променам во ова како да дојдам до зголемвање на > мускулна маса и да ги стопам масните наслаги околу стомакот за да > излезат стомачните мускули.И уште ова да додадам, на тезжина на > вежбите направив добар прогрес а видливи резултати на мене воопшто > нема, за пример на бенџ преса започнав со 20кг 3 серии по 10 > повторувања, а сега сум стигнат до 55-60 кг 3 серии по- 8-9 > повторувања.Фала ви однапред.
Со таква исхрана резултати ќе си дојдат.Не се секирај.Единствено намали го кардио тренингот и стомачните и не вежбај 4 дена по ред.Мора да му дадеш време на телото да се опорави.4 дена во неделата се сосем доволно
Тренингот не ти е оптимизиран. Стави го 3 пати неделно цело тело или 2 пати неделно горен/долен дел Затоа имаш бавен прогрес зашто вежбаш 1 мускулна група неделно. Што е до исхраната, би ставил дневник на myfitnespal и би видел што ти недостасува. Контактирај ме ако ти треба повеќе.