Логирај се / Регистрирај се

Здраво и добредојдовте
на форумот на NovaLek.mk

Редакцијата на Novalek.mk и тимот на форумот не се одговорни за која било содржина или профил генерирани од корисниците. Мислењата и пораките, односно текстовите на овој форум се лични ставови и погледи само на авторите кои ги поставуваат и не го одразуваат ставот на редакцијата на Novalek.mk. Авторите на мислењата се одговорни за нивната содржина. Ние не гарантираме за точноста, прецизноста или комплетноста на информациите.

Со регистрирањето на форумот автоматски се согласуваш дека нема да поставуваш содржина или линк до содржина која: е навредлива или сексуално ориентирана; шири омраза; поттикнува на нелегални дејствија; содржи закани, клевети, спам, лични податоци за други корисници; или на кој било друг начин ги нарушува постоечките закони.

Ги задржуваме правата да ја отстраниме или измениме секоја поставена содржина без објаснување. Ти гарантираме дискреција доколку имаш барање до администраторите за отстранување или измена на некоја содржина. Го задржуваме правото да преземаме дејствија против кој било член на форумот, во кое било време.

Со користење на кој било дел од овој форум, се согласуваш со правилата и условите за користење на форумот и ни даваш трајна, неотповиклива и неограничена дозвола да ги користиме и објавуваме твоите содржини поврзани со нашата услуга. Но, ти ги задржуваш авторските права врз содржината. Доколку сметаш дека ти е нарушено авторското право, контактирај администратор.

Novalek.mk ги задржува авторските права на сопствената содржина. Не е дозволено нејзино користење за нелегални цели, како и користење за други цели без претходна писмена согласност од администратор.

Овие услови можат да бидат променети во секое време без известување. Секој корисник е должен редовно да ги проверува правилата и условите за користење на форумот. Ако не се согласуваш со овие услови, те молиме да не се регистрираш на форумот и да не ја користиш нашата услуга. Ако сакаш да го затвориш својот профил, те молиме контактирај нѐ.