Логирај се / Регистрирај се

Здраво и добредојдовте
на форумот на NovaLek.mk

Прашање

Дискусија во форумот "Бодибилдинг"

Од: Mrn88 . 24 Јули 2015
  1. Mrn88 New Member

    Зачленет:
    23 Јули 2015
    Мислења:
    1
    Допаднати мислења:
    0
    Ratings:
    +0
    Здраво,сакам да ве прашам за совет.Пред речиси 2 месеци почнав
    > да вежбам во теретана после 7 години никаква активност,значи тотално
    > неактивен во секој поглед.Па ме интересира да ми кажите во кои работи
    > грешам а во кои не, во исхраната и вежбањето.Од вториот месец си ја
    > сватив по озбилно работата и со совет од тренерот и пријатели кои се
    > подолго време активни во теретана направив листа на јадење и програма
    > за вежбање кон која веќе 1месец целосно сум посветен до детали како
    > што ќе ви опишам.Ќе започзнам со вежбите,прв ден тренирам гради и
    > бицепс,втор ден грб,трет ден рамо и трицепс и четврт ден нозеи петтиот
    > правам пауза.Исто преку еден ден правам и стомачни по 3-4 вежби по 3
    > серии.За исхраната: прв оброк во 9:00 ч. - 5 лажици овесни снегулки со
    > 1 чаша јогурт, 5 белки варени и 1 банана или јаболко. Втор оброк 12:00
    > ч. 1 Туна 185 гр, и салата или овошје. Трет оброк 15:00 ч. 200-230 гр
    > стек со 2-3 белки и овошје. Четврт оброк 17:00 ч. 5 лажици овес или
    > макарони. Тренинг правам од 18:30 или најкасно до 19:00 и следен оброк
    > после тренинг јадам 200-230 гр Телешко месо со овошје и пијам глутамин
    > 5 гр и декстроза 5 кафени лажици, Следно зависно од организмот како
    > сум гладен повторно јадам 4-5 белки и последен оброк земам казеин
    > протеин и спијам 7-8 часа.Висок сум 1.70 и имам 63 кг, целосно сум
    > слаб единственои околу стомакот тој дел имам мрсно.Па ќе ве замолам
    > да ми кажите што да променам во ова како да дојдам до зголемвање на
    > мускулна маса и да ги стопам масните наслаги околу стомакот за да
    > излезат стомачните мускули.И уште ова да додадам, на тезжина на
    > вежбите направив добар прогрес а видливи резултати на мене воопшто
    > нема, за пример на бенџ преса започнав со 20кг 3 серии по 10
    > повторувања, а сега сум стигнат до 55-60 кг 3 серии по- 8-9
    > повторувања.Фала ви однапред.
     
  2. Slobodan Janevski Administrator

    Зачленет:
    25 Јан 2015
    Мислења:
    6
    Допаднати мислења:
    0
    Ratings:
    +0
    Со таква исхрана резултати ќе си дојдат.Не се секирај.Единствено намали го кардио тренингот и стомачните и не вежбај 4 дена по ред.Мора да му дадеш време на телото да се опорави.4 дена во неделата се сосем доволно
     
  3. Stefan Atletiks New Member

    Зачленет:
    08 Фев 2015
    Мислења:
    1
    Допаднати мислења:
    0
    Ratings:
    +0
    Тренингот не ти е оптимизиран.
    Стави го 3 пати неделно цело тело или 2 пати неделно горен/долен дел
    Затоа имаш бавен прогрес зашто вежбаш 1 мускулна група неделно.
    Што е до исхраната, би ставил дневник на myfitnespal и би видел што ти недостасува.
    Контактирај ме ако ти треба повеќе.
     

Сподели